Интер ќе биде сериозно ослабен на саботното дерби против Рома по најновата повреда што ја заработи Хакан Чалханоглу на последниот тренинг на „нероаѕурите“.
Двата тима имаат стопроцентен ефект во досегашниот дел од сезоната, а задачата перфектната серија да продолжи сериозно беше отежната по повредата на турскиот плејмејкер, кој се пожали на болка во мускулот и мораше предвреме да го напушти тренингот.
Интер веќе се јави со соопштение, деталните прегледи ќе утврдат колку поточно ќе изнесува паузата на Хакан, но повеќе од јасно е дека тој нема да може да помогне на дуелот со „римската волчица“.
Чалханоглу исто така нема да може да помогне на турската репрезентација на претстојните натпревари од Лигата на нации што оваа селекција ќе ги игра на крајот од септември и почетокот на месец октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
