„Интер го копира Ливерпул, четири години без титула, а сега…“

Интер се наоѓа во криза, во последните две кола од Калчо-лигата освои само еден бод, додека во ЛШ стартуваше со реми на домашен терен против Борусија Менхенгладбах. Сепак, Антонио Конте не е загрижен поради слабите резултати на својот тим и е уверен дека добрите игри наскоро ќе бидат наградени со успешна победничка серија.

„Не сме загрижени, чекориме по вистинската патека. Знам дека резултатите можат да бидат подобри, но верувам дека и тоа ќе се среди на подобро. Играчите кои ги доведовме имаат и квалитет и искуство со кој ќе ни помогнат да оствариме уште подобри резултати откако во минатата сезона. Играме добар фудбалер, верувам дека наскоро ќе дојдат и наградите за квалитетната работа и ќе влеземе во победнички ритам“, истакна Конте.

Тој побара од навивачите да покажат трпение, споредувајќи го својот проект со оној на Јирген Клоп во Ливерпул.

„Да го погледнеме Ливерпул, четири години немаше освоено трофеј, а видете ги сега – машина за победи. Тоа е патот по кој одиме и ние, се што е потребно е трпение“, порача стратегот на Интер.

Се вчитува...