Интер и Торино сигурни дома

Интер им се врати на победите во Серија А, триумфирајќи против Емполи (2-0) на „Џузепе Меаца“. Иако тренерот Пиоли имаше проблеми при составувањето на тимот поради суспензии и повреди, сепак, Едер и Кандрева најдоа начин да ја надмудррат одбраната на Емполи и да донесат нови три бода.

Торино исто така беше сигурен против Пескара, победувајќи со 5-3. „Биковите“ почнаа фуриозно, поведоа со 5-0, па им дозволија на гостите да го ублажат поразот во завршницата.

Илија Несторовски и Александар Трајковски беа стартери за Палермо, но нивниот тим загуби на домашен терен од Аталанта со 1-3. Несторовски имаше неколку убави можности за да ја продолжи серијата голови во Серија А, но овојпат не успеа да се запише во листата на стрелците.

Резултати Италија: Интер – Емполи 2-0, Торино – Пескара 5-3, Палермо – Аталанта 1-3, Сасуоло – Киево 1-3.

Се вчитува...