Интер конечно го доведе Валеро

Интер по долгите преговори го официјализира трансферот на 32-годишниот фудбалер од средниот ред, Борха Валеро. „Нероаѕурите“  оддвоија 5.5 милиони евра за неговите услуги, со дополнителни 1.5 милиони евра во бонуси. 32-годишниот Шпанец потпиша тридогишен договор со тимот на Лучијано Спалети.

Доаѓањето во Интер е голем личен предизвик за мене. Ќе продолжам да го правам она што најдобро го знам, сега во дресот на новиот клуб, да помогнам да остварува подобри резултати“ – изјави шпанскиот интернационалец.

Валеро за клубот од Фиренца одигра 212 натпревари, а зад своето име запиша 17 погодоци и 44 асистенции. Шпанскиот фудбалер освен за Фиорентина, во кариерата играл и за Вилјареал, Мајорка и ВБА, а потекнува од академијата на Реал Мадрид.

 

Се вчитува...