Интер најде замена за Лаутаро Мартинез: Обамејанг доаѓа на „Џузепе Меаца“?

Италијанскиот калчолигаш Интер ја пронајде замената за Лаутаро Мартинез, аргентинскиот напаѓач кој ова лето речиси сигурно ќе биде продаден во Барселона за сума од 111 милиони евра. Генералниот менаџер Бепе Марота и тренерот Антонио Конте половина од оваа сума ќе ја вложат во ангажман на Пјер – Емерик Обамејанг од Арсенал. За 60 милиони евра тие се подготвени да го доведат на „Џузепе Меаца“.

Откако пропадна можноста Интер да се засили со Оливие Жиру, кој најверојатно ќе остане во Челси, раководството на „нероаѕурите“ се фокусира на нов напаѓач од Премиер – лигата. За Обамејанг се интересираат и Барселона и Реал Мадрид, но Интер исто така е финансиски моќен по влегувањето на кинеските сопственици. За Обамејанг е подготвен четиригодишен договор со плата од 11 милиони евра по сезона.

Габонецот има договор со Арсенал до 2021 година и доколку не го продолжи тогаш Арсенал ќе биде приморан да го продаде по завршувањето на сезоната.

 

 

Се вчитува...