Интер остана и без Брозовиќ

Покрај прекинатата серија победи со последниот пораз од Јувентус, во таборот на Интер владее огромна загриженост поради отсуството на клучните играчи за следните натпревари на „нероаѕурите“. Икарди и Перишиќ заработија суспензии од по два натпревари и сигурно нема да играат против Емполи и Болоња, а дополнителна главоболка на тренерот Пиоли му создава повредата на Марсело Брозовиќ.

Хрватскиот плејмејкер настрада за време на дербито со Јувентус, а деталните лекарски прегледи покажаа дека станува збор за скршеница на прст на ногата.

Очекуваниот термин за враќање на терените не се обелоденува во јавноста, но сигурно е дека Брозовиќ покрај средбите со Болоња и Емполи ќе го пропушти и дербито со Рома, закажано за 26 февруари.

Се вчитува...