Матиа Вецино е новото име во редовите на Интер, откако „Нероаѕурите“ ја активираа клаузулата од 24 милиони евра. Фудбалерот од средниот ред ќе потпише четиригодишен договор, а ќе заработува 2.5 милиони евра по сезона, која во текот на неговиот престој може да биде зголемена на 3 милиони евра.
Трансферот на 25-годишниот репрезентативец на Уругвај ќе биде комлетиран откако ќе ги заврши медицинските прегледи, а официјално претставување треба да има до крајот на оваа недела. Вецино го носи дресот на Фиорентина од 2013 година, a своето деби во Серија А го имаше токму против Интер. Минатата сезона беше клучен фудбалер на тимот, со пет погодоци и четири асистенции на 31 натпревар во италијанското првенство. За репрезентацијата на Уругвај дебитираше против Бразил минатата година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА