Интер е на добар пат да комплетира уште еден трансфеер, и тоа со потпис на 21-годишниот дефанзивец Марко Палестра, кој се наоѓа на чекор до преселба на „Џузепе Меаца“. Со тоа, италијанскиот шампион ќе ја покрие позицијата десен бек и дупката што се создаде со заминувањето на Дензел Дамфрис во Реал Мадрид.
За услугите на Палестра се интересираа неколку клубови од Премиер-лигата, но „нероаѕурите“ од самиот почеток беа во водство во оваа трка, начелно договарајќи ги сите детали со раководството на Аталанта. Вкупната вредност на трансферот ќе изнесува 50 милиони евра (35 милиони фиксна сума плус 15 милиони преку клаузули), а тимот од Бергамо ќе има и процент од наредниот трансфер на овој фудбалер.
Она што е интересно, Палестра ланската сезона воопшто не настапуваше за Аталанта, туку беше позајмен на Калјари. Сепак, добрите игри во дресот на овој калчолигаш беа препорака младиот дефанзивец да добие повик за деби во репрезентацијата, но и да се најде на листата со желби на неколку клубови ширум Европа.
Аталанта така за една година повеќекратно ја зголеми вредноста на овој фудбалер, па реши да заработи добро на неговиот трансфер.
Палестра веќе ги има договорено личните услови со Интер, за петгодишен договор вреден три милиони евра, па се чека само да се средат последните детали меѓу клубовите за овој трансфер да биде официјализиран.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
