Интер плати 20 милиони евра за Шкрињар

Милан веќе го комплетираше својот тим со бројни засилувања, но Интер дури сега почнува со носењето на нови фудбалери за претстојната сезона. Откако беше доведен Падели како резервен голман, прво посериозно засилување за „нероаѕурите“ е Словакот Милан Шкрињар, кој пристигнува од редовите на Сампдорија.

Станува збор за 22-годишен дефанзивец кој има зад себе одлична сезона во дресот на Самп, а бележеше исклучителни настапи и на последното ЕП за млади играчи во Полска. Тоа придонесе неговата цена уште повеќе да порасне, па Интер беше принуден да плати дури 20 милиони евра за да го доведе на „Џузепе Меаца“. Челниците на „нероаѕурите“ свесни дека се препасивни на стартот од преодниот рок на крајот сепак ја исполниле желбата на новиот тренер Спалети, кој во Словакот гледа како на „командант“ на одбраната на клубот во годините што следат.

За очекување е Интер во следниот период да ги интензивира преговорите за уште неколку трансфери, пред се оној на искусниот играч за врска, Борха Валеро, од редовите на Фиорентина.

Се вчитува...