Интер плати 24 милиони евра за Весино

Интер доведе уште едно скапо, но релативно непознато засилување откако раководството на „нероаѕурите“ плати 24 милиони евра за да го ангажира Матијас Весино од редовите на Фиорентина.

„Виолетовите“ не сакаа ни да чујат за продажба на уругвајскиот играч за врска, па челниците на Интер беа принудени да ја активираат клаузулата за раскин, за која беа принудени да платат 24 милиони евра. Вечино, кој следниот месец ќе наполни 26 години, немаше фантастична сезона во дресот на Фиорентина, но тренерот Спалети дефинитивно верува дека може да го извлече максимумот од овој фудбалер.

Уругваецот е четвртото засилување на Интер ангажирано летово, откако претходно беа доведени голманот Даниеле Падели, дефанзивецот Милан Шкрињар и искусниот играч за врска Борха Валеро.

Се вчитува...