Интер реди победи, ја торпедираше и „жолтата подморница“

Интер ја продолжи серијата победи во подготвителниот период, успевајќи да триумфира и над Вилјареал со резултат 3-1.

Охрабрени по одличните настапи во последните дваесетина дена, „нероаѕурите“ одиграа уште еден квалитетен натпревар во кој заслужено стигнаа до триумф. Едер го доведе тимот на Лучијано Спалети во водство, но противникот израмни пред крајот на полувремето преку Роберто Солдадо.

Сепак, Интер ја круниса подобрата игра со два нови гола во второто полувреме што ги постигнаа Јоветиќ и Брозовиќ.

Inter Milan vs Villarreal 3-1 all goals… by Soccer_LENS

Се вчитува...