Интер се извлече до среќно реми без голови со Аталанта

Интер ремизираше на гостувањето против Аталанта во 21-от свој натпревар сезонава во Серија А.

„Нераѕурите“ одиграа натпревар без голови, но може да бидат среќни што и без пораз заминуваат од Бергамо.

Аталанта беше подобар противник во вториот дел, а во финишот пропушти две одлични можности за да дојде и до победата. Муриел не реализираше во 81. минута, а Хрватот Пашалиќ во 87. минута имаше 100% шанса но Хандановиќ извонредно одбрани.

Се вчитува...