Интер се откажа од услугите на Шкодран Мустафи

Италијанскиот калчолигаш Интер во последен момент се откажа од ангажманот на Шкодран Мустафи од Арсенал. Дефанзивецот требаше да се пресели во редовите на „нероаѕурите“ на едногодишна позајмица, сумата за привремениот ангажман беше договорена на 4.6 милиони фунти, но ракодовството на „топчиите“ бараа 35 милиони фунти како клаузула која треба да се плати во сезоната 2018/19. Интер смета дека сумата е преголема, калчолигашот не се осмели да понуди повеќе од 23 милиони фунти.

Германскиот репрезентативец во редовите на Арсенал пристигна на почетокот од минатата сезона за сума од 37 милиони фунти. Беше најавен како големо засилување, одигра вкупно 38 натпревари, а постигна и два гола. 25-годишниот дефанзивец сега ќе треба да се бори со Кошчелни, Колашинац, Мертесакер и Холдинг, за место во стартните единаесет кај Арсен Венгер.

Се вчитува...