Интер со „крпена одбрана“ на дербито со Јуве

Интер ќе биде сериозно ослабен за претстојното дерби со Јувентус откако неколку дефанзивни играчи отпаднаа од комбинација за настап на овој натпревар.

Бастони, кој е меѓу најстандардните во таборот на Интер сезонава, го повреди мускулот во финишот од реваншот во ЛШ со Порто и ќе паузира најмалку две седмици. Повреден е и левиот бек Госенс, кој воопшто не тренираше во последните денови, а денеска ситуацијата се влоши откако на повреда се пожали и Милан Шкринијар.

Словакот беше најавуван како сигурен стартер во ситуација кога Бастони не е во тимот, но поради болка во грбот не тренираше денеска, а тренерот Инзаги не сака да ризикува дополнително да ја влоши ситуацијата и да го загуби Шкринијар за самиот финиш на сезоната.

Во една таква ситуација, стратегот на „нероаѕурите“ нема преголем избор, Дамфрис ќе стартува како десен бек, Димарко по левата страна, додека централното трио во одбраната ќе го сочинуваат Дармијан, Ачерби и Де Фрај.

Се вчитува...