Интер ставил клаузула „анти-Јунајтед“ во новиот договор на Перишиќ

Италијанскиот калчолигаш Интер успеа да го задржи во своите редови хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ, кој потпиша нов договор со клубот. Во меѓувреме и се осигура дека Хрватот во наредниот период нема да си замине во Манчестер јунајтед, кој силно го посакуваше ова лето.

Раководството на „нероаѕурите“ уфрли клаузула „анти-Јунајтед“ во новиот договор на Иван Перишиќ. Му ја зголеми платата на 6 милиони евра по сезона, но Хрватот мораше да се согласи дека нема да си замине на „Олд трафорд“ веќе следното лето.

Се вчитува...