Интер тргнува по Берарди

Италијанскиот калчолигаш Интер тргнува во офанзива за ангажман на напаѓачот на Сасуоло, Доменико Берарди. Тренерот на „нероаѕурите“, Лучијано Спалети, сака навреме да обезбеди замена за Антонио Кандрева, кој е на списокот на желби на менаџерот на Челси, Антонио Конте.

Сасуоло по разделбата со Дефрел, кој замина во Рома, сака добро да ја наплати и продажбата на Берарди. Клубот за него бара отштета од 40 милиони евра, а Интер ќе се обиде да ја намали со вклучување на некој млад фудбалер кој би заминал во спротивна насока.

 

Се вчитува...