ИНТЕРЕСНА СТАТИСТИКА: Вазиња има повеќе дриблинзи од Роналдо! (ВИДЕО)

Голманот на Зеленортските острови, Возиња, заедно со своите соиграчи, го воодушеви фудбалскиот свет на натпреварите на Светското првенство.

А, дополнително на тоа, уште еден интересен факт е поврзан со неговото име.

Во морето статистички податоци од тековниот турнир во САД, Мексико и Канада, има еден што вели дека голманот на Зеленортските острови досега има повеќе дриблинзи на турнирот од Кристијано Роналдо!

И, вистина е!

Харизматичниот голман на африканската репрезентација успеа да регистрира еден дриблинг на натпреварот против Аргентина, во поразот од 3-2, кога, со многу ризик, го надмудри противничкиот напаѓач Лаутаро Мартинез.

Еден дриблинг на четири натпревари – доволно за да го надмине Кристијано Роналдо, кој сè уште не запишал ниту еден дриблинг на турнирот, а сè што постигнал (читај голови) е благодарение на асистенциите од соиграчите.

Секако, тој постигна три гола, но сепак не заврши ниту еден дриблинг како индивидуален потег досега на турнирот.

Се вчитува...