ИНЦИДЕНТ: Играч на Кожуф го глумеше Зидан, судијата му покажа само жолт картон (видео)

Првото второлигашко коло донесе и инцидент на натпреварот меѓу Кожуф и Осогово, откако еден домашен фудбалер по еден вербален дуел удри со главата еден играч на Осогово, во стилот на Зинедин Зидан од финалето на СП 2006.

Целата ситуација се случи пред очите на главниот судија, кој изненадувачки му покажа само жолт картон на домашниот фудбалер, по што гостинските играчи бурно реагираа.

Видеото е објавено на официјалната страница на фејсбук на ФК Осогово, со коментар „За ова во нормална лига се добива директен црвен картон“.

Се вчитува...