Инцидент: Манчестер водеше, а Де Бруин се караше со соиграчите

Манчестер сити игра одлично и реди победи, но кога се имаат многу ѕвезди во еден тим, неизбежни се и инциденти. Еден таков се случи на полувремето од дуелот со Наполи, кога Кевин де Бруин видно изнервиран влезе во конфликт со капитенот Давид Силва.

Страстите не се смирија, Белгиецот продолжи да дофрла на адреса на својот соиграч, а потоа се „закачи“ и со Фернандињо, кој се обиде да ја олади атмосферата.

Сосема непотребно за тим што гази се пред себе и во Премиер-лигата и во Лигата на шампионите.

Се вчитува...