Иранците оставиле емотивна порака во соблекувалната во Лос Анѓелес: Од древна Персија…

Фудбалската репрезентација на Иран по ремито со Белгија, согласно наредбите, веднаш го напушти Лос Анџелес притоа оставајќи емотивна порака која брзо дојде до медиумите.

Во рачно напишана белешка во која се споменува и трагичното бомбардирање на училиште за време на иранско-американската војна, Иранците оставиле благодарница во соблекувалната на стадионот СоФи пред да се упатат кон Сиетл, каде што ќе се соочат со Египет.

„Од древната Персија пред илјадници години до денешниот цивилизиран Иран, иранскиот дух останува жив и нескршлив. Дојдовме во Лос Анџелес со гордост, се натпреварувавме со чест и си заминуваме со достоинство. Ти благодариме, Лос Анџелес, за твоето гостопримство“, се вели во пораката на Иранците притоа одбележана и со хаштаговите #168 и #minab, кои се однесуваат на бројот на девојчиња убиени во ракетниот напад врз училиште во градот Минаб кон крајот на февруари за време на американско-израелскиот напад врз Иран.

„Благодариме на секој Иранец кој беше со Иран со срце, глас и душа во текот на овие 180 минути. Нека мирот, почитта и пријателството преовладуваат меѓу сите нации.“

Престојот на иранскиот тим во САД е обележан и со бројни логистички проблеми. За првиот натпревар против Нов Зеланд, тимот отпатува за Лос Анџелес еден ден пред натпреварот, но мораше да се врати во Мексико веднаш по натпреварот. Добар дел членови на стручниот штаб не добија виза за влез, а поради сето тоа иранскиот селектор Амир Галеноеи го нарече својот тим „најугнетуваниот тим на целото Светско првенство 2026“.

Се вчитува...