Иранците се закануваат: Ќе го напуштиме теренот ако…

Натпреварот меѓу Иран и Египет би можел да донесе и нефудбалска димензија откако од иранскиот табор стигнаа децидни закани – дека оваа селекција ќе се повлече од теренот доколку бидат организирани активности или биде прикажана симболика на ЛГБТ движењето.

Иранците уште пред неколку дена испратија барање до ФИФА вакво нешто да не се случува за време на нивните натпревари на СП 2026, но откако не добија конкретен договор од светската куќа на фудбалот, се јавија со гласна закана.

„Јасно ја известивме ФИФА, дека доколку нашата делегација или играчите бидат изложени на политички навреди или на неодобрени слогани на стадионот, без размислување ќе ја повлечеме екипата од теренот и ќе го прекинеме натпреварот. Овде сме да се натпреваруваме на меѓународен спортски настан согласно правилата на ФИФА. Неприфатливо е да внесуваме политички или друштвени теми на натпреварите, особено теми кои воопшто не се во склад со нашите принципи и вредности. Безбедноста и достоинството на нашите играчи се на прво место, а од ФИФА и од организаторот очекуваме да обезбедат исклучивоо спортска атмосфера, без никакви провокации“, изјави иранскиот министер за спорт, Ахмад Донјамали.

Се вчитува...