Ирско „проклетство“ за чаирчани

Шкупи синоќа беше елиминиран од Шамрок Роверс во квалификациите во Лигата на Европа. Чаирчани можеби беа благи фаворити, но Ирците уште еднаш се покажаа како „баук“, и тоа после 22 години.

Тогашна Слога Југомагнат (сега Шкупи), играше во 1. квалификациско коло во 2000 година против Шелбурн. После 1-1 на првиот меч, следуваше реваншот во Скопје кога се очекуваше Слога без проблем да го мине ирскиот тим.

Меѓутоа не само што не го совлада, туку Ирците славеа победа во Скопје и така се пласираа во следната фаза. Сега истото се случи и со Шамрок, со таа разлика што гостинскиот тим славеше двојна победа.

Шансата за успех и пласман во групи во европско натпреварување Шкупи ќе ја бара во Лигата на конференции каде ќе одат во плеј-офот и ќе играат со подобриот од Балкани – Клаксвик. По првиот меч Балкани има предност од 3-2, а реваншот на Фарските острови се игра во четврток од 20 часот.

Се вчитува...