Ирвинг лесно до 35 за победа на Бостон, Голден стејт за првпат под 100

Бостон, Голден стејт и Бруклин славеа победа во синоќешните три натпревари од НБА лигата.

Во мечот на вечерта Бостон го финишот ја „скршија“ Атланта победувајќи со 110-107 за деветта едноподруго победа, по двата порази на стартот од сезоната. Селтикс ги предводеше Кајри Ирвинг со 35 поени, во мечот во кој двата тима 25 пати се менуваа во водство.

Ирвинг имаше уште и седум асистенции, а го следеа Џејсон Тејтум со 21 поен и 8 скока, како и Ал Хорфорд со 15 поени, 10 скока и 9 асистенции. Кај Атланта најефикасен беше Денис Шрудер со 23 поени и 6 асистенции.

Голден стејт првпат сезонава не стигна до троцифрен број поени, но убедливо славеше против Мајами со 97-80 благодарание на 11 постигнати тројки.

Кевин Дурант предводеше во победата со 21 поен, 8 скока и 6 асистенции, Дрејмонд Грин заврши со 18 поени, додека Стеф Кари дополни со 16 поени. Кај Мајами најефикасен беше резервистот Џејмс Џонсон со 21 поен, дополнети и со 9 скока и 6 асистенции, а 19 поени имаше Горан Драгиќ.

Бруклин го победи Феникс со 98-92 во Аризона, предводен од Дианџело Расел со 23 поени (13 во последната четвртина), а одличен беше и Џо Херис со 18 поени.

Се вчитува...