Исак се врати повреден од Шведска во Ливерпул

Александар Исак постигна гол во победата на Шведска на стартот од Лигата на Нации, но одличниот голгетер притоа заработи и повреда поради која го напушти репрезентативниот табор и се врати назад во Ливерпул.

Поранешниот англиски првак соопшти дека Исак се вратил назад жалејќи се на повреда на палецот, а шведските репрезентативни лекари дале зелено светло тој да замине за Ливерпул откако било утврдено дека нема да може да помогне на националниот тим на преостанатите три средби од овој прозорец.

Повредата се опишува како мала, но деталните лекарски прегледи ќе утврдат за што точно станува збор и дали Исак ќе може да биде во составот на Ливерпул веднаш по паузата.

Ова е исклучително важно ако се знае дека „црвените“ во првиот меч по овој прозорец ги очекува големото дерби со Манчестер Сити, дуел закажан за 11 октомври на „Енфилд роуд“.

Се вчитува...