Исак: Трансферот во Ливерпул беше лесна одлука

Напаѓачот на Ливерпул, Александер Исак, изјави дека одлуката да го напушти Њукасл и да се пресели на „Енфилд“, била лесна.

Исак во Ливерпул пристигна на последниот ден од летниот преоден рок во 2025 година во трансфер вреден 125 милиони фунти.

„Ливерпул е голем клуб и се во врска во него ги правеше работите чисти. Иато така амбициите на Ливепул и нивната желба да ме доведат, исто така имаа голема улога во одлуката“, изјави Исак.

Швеѓанецот нема по добро да ја памети првата сезона во Ливерпул бидејќи имаше проблем со реализацијата по што во декември 2025 година заработи тешка повреда која го одвои шест месеци од терените.

Но, сезовата игра далеку подобро, на првите четири меча во Премиер лигата постигна три гола, колку што даде целата ланска сезона.

„Дури и кога заработив скршеница на коската, не размислував дека погрешив што го напуштив Њукасл и потпишав за Ливерпул. Кога се наоѓате на добро место и кога добро се чувствувате, тогаш не гледате наназад бидејќи немате никаква корист од тоа и затоа гледате само напред и се чусвствувам одлично сезонава“, додава Исак.

Се вчитува...