Исчезнатиот фудбалер е пронајден мртов – Англија жали за Џејмс Дин

Поранешниот фудбалер Џејмс Дин, по четири дена откако беше пријавен за исчезнат е пронајден мртов, вака барем јави полицијата во Англија. Овој фудбалер беше „машина за голови“, често знаеа да кажат неговите соиграчи.

Дин не играше во Премиер лигата, тој најмногу ги тресеше мрежите на терените на Националната (петта) лига на Англија, но беше исклучителен стрелец во тој ранг и многу популарен меѓу соиграчите и пријателите. Џејмс последен пат бил виден во средата на полноќ во Освалдтвисл, мал град недалеку од Блекбурн, и бил пронајден во овој град во неделата. Но, полицијата во Ланкашир не соопшти дополнителни детали, само објави дека неговата смрт „не се третира како сомнителна“.

35-годишниот фудбалер има играно за голем број клубови, вклучувајќи ги Сталибриџ Селтик, Чорли и Халифакс Таун. Тој беше исклучително успешен во последните два, постигнувајќи близу 150 голови. Неговите поранешни соиграчи велат дека тој бил омилен во тимовите во кои играл.

Покрај неговото семејство, многу клубови за кои играше се простија од него.

 

 

 

 

Се вчитува...