Иско: Беше тоа магична ноќ во Мадрид

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја декласира Италија со 3-0 во решавачкиот меч за првото место во групата Г, во квалификациите за СП 2018 во Русија. Сега „црвената фурија“ има три бода предност на врвот на табелата и речиси отворен пат кон мундијалот.

Иско Аларкон, фудбалерот на Реал Мадрид, беше двоен стрелец на овој меч, а погодок постигна и Алваро Мората, неговиот поранешен соиграч кој сега ги брани боите на Челси.

„Една од оние магични ноќи. Кога посакуваш се да мине според желбите, и тоа навистина ќе се случи. Победивме голема репрезентација и направивме огромен чекор напред кон мундијалот во Русија. Среќен сум што дадов придонес во големиот триумф“, изјави Иско по одличната игра против „аѕурите“.

Се вчитува...