Иско: Не сакам да си заминам од Реал Мадрид

Шпанскиот репрезентативец Иско Аларкон многу често оваа сезона напоменуваше дека сака да има поголема минутажа и најавуваше заминување од редовите на Реал Мадрид. Но, сега кога тренерот Зинедин Зидан почесто му дава шанса во првиот состав, тој го промени мислењето. Не сака да си замине од „Сантијаго Бернабеу“.

„Јас сум смирен. Единствено за што размислувам е на најдобар можен начин да ги искористам минутите што ќе ги добијам од тренерот Зидан, Среќен сум во Реал Мадрид и сакам да останам уште многу години. Мислам дека на крајот од сезоната заеднички со раководството и со стручниот штаб ќе ја донесеме одлуката за продолжување на соработката“, изјави Иско, кој беше асистент на двата гола за „кралевите“ против Еспањол, што ги постигнаа Алваро Мората и Герет Бејл.

Се вчитува...