Искусните Холанѓани пресилни за „спартанците“

Одбојкарската репрезентација на Македонија и во вториот натпревар на Европското првенство во Тампере претрпе пораз, овој пат од искусната Холандија која славеше со 3-0 (25-20, 25-18, 25-22).

Холандија прва ја превзема иницијативата на почетокот на мечот и стигна до комотна предност. Македонија доцна се разбуди, но „спартанците“ успеаја да стигнат до негатива од 13-12, а имаа и контра за изедначување, која за жал не беше реализирана. „Лалињата“ ја консолидираа својата игра и продолжија да го диктираат темпото до крајот на првиот сет кој го добија со 25-20.

Македонските одбојкари заиграа далеку подобро на почетокот на вториот сет и во поголемиот дел од него парираа на „лалињата“, меѓутоа искусните Холанѓани при резултат 16-16 направија серија од 4-0 со што стигнаа до значајна предност пред крајот на сетот кој не ја испуштија и покрај обидите за враќање на „спартанците“ за славје од 25-18.

Добрата игра на „лалињата“ продолжи и во последниот сет во кој Холандија постојано го контролираше резултатот и во еден момент имаше преднсот од пет поени (14-9). Сепак следеше добра игра на Македонија во која успеавме да ја намалиме негативата на само два поени во два наврати, но недоволно за целосен пресврт.

 

Се вчитува...