Огромен револт во таборот на Ренова: Тоа што се случуваше во Струга е вистински криминал

Тренерот на Ренова, Бујар Ислами е револтиран по поразот на неговиот тим на вчерашното гостување против Струга ТЛ во 11. коло од Првата македонска фудбалска лига. Според Ислами главните виновници за поразот се судиите на натпреварот.

„Не сакам никогаш да го коментирам судењето, но тоа што се случи во Струга беше вистински криминал. И тоа некако во континуитет е лошото судење против нас. Најпрво во Кратово, а сега уште покатастрофално. Голот беше постигнат од чиста офсајд позиција, а имаше и пенал за нас кој не е досуден. Судијата и во текот на целиот натпревар не дозволуваше наш притисок кон противничкиот гол. Секогаш кога ќе притисневме не сечеше. Заслуживме најмалку бод, но не можевме и против судиите“ – вели Ислами.

Еднакво е размислувањето и на офанзивецот Арџент Гафури…

„Ова е скандалозно. Судијата беше во центар на вниманието, а фудбалерите на Струга ТЛ констатно паѓаа на теренот и ја шутираа топката. Од страната немаше деца за топки, ова е неверојатно. Ако вака се игра и суди во продолжението од сезоната Првата лига нема да личи на ништо. Пред голот има прекршок за наш фудбалер а судијата суди контра-прекршок. Потоа голот е од класичен офсајд а судиите не реагираат. Што да зборуваме повеќе?“ – вели Гафури.

Се вчитува...