Исплива снимка од апсењето на Рахим Стерлинг (ВИДЕО)

Се појави видео од апсењето на Рахим Стерлинг по сообраќајниот инцидент на автопатот М3 во Англија, поради кој поранешниот англиски репрезентативец заврши на суд. На снимката од камерата на полицаецот се гледа моментот кога полициските службеници му приоѓаат на Стерлинг и му ставаат лисици на рацете.

Полицаецот го известува дека е уапсен под сомнение за опасно возење, како и за можно возење под дејство на алкохол или дрога.

„Дај ми го телефонот. Не прави проблеми. Те апсам под сомнение за возење под дејство на алкохол или дрога, како и за опасно возење“, се слуша, меѓу другото, на снимката.

Се вчитува...