Исполнета желбата на Клоп: Бамфорд од Лидс се сели во Ливерпул?

Ливерпул успеа да се избори за место во Лигата на шампионите, па веќе се крои и составот за следната сезона. „Црвените“ се блиску до договор со напаѓачот на Лидс, Патрик Бамфорд.

Шпекулациите за ангажман на Бамфорд траат подолго време, но приказната веќе има сериозна тежина по последната најава на релевантните спортски медиуми од Островот кои тврдат дека договорот ќе биде заклучен до средината на јуни.

Со тоа се исполнува огромната желба на Јирген Клоп, кој е голем фан на Бамфорд и тоа не го криеше и претходно.

„Каков неверојатен играч е Бамфорд. Се сеќавам дека сите велеа дека Лидс погрешил со него, но среќен сум што успеа да ги демантира сите нив. Тој е беспрекорен работник на теренот“ – беа зборовите на Клоп.

Моменталната вредност на Бамфорд е околу 18 милиони евра, а договор со Лидс има до јуни 2022 година.

Се вчитува...