Исполнување на детскиот сон: Пројде 2.222 километри за да се слика со Меси – и успеа!

Лионел Меси со репрезентацијата на Аргентина допатува во Монтевидео, каде го очекува квалификациски дуел со Уругвај за СП 2018, а успеа да го исполни и детскиот сон на едно 11-годишно момче, кое сакаше да се фотографира со својот идол. Лусијано Виехо со својот татко помина дури 2.222 километри долг пат за да го сретне во живо својот идол и да се обиде да добие фотографија со него.

dete slika so mesi 2

Во прв момент, обезбедувањето не му дозволи да стигне до големата ѕвезда на Аргентина и на светскиот фудбал, но тоа го забележа Меси, кој побара да го пуштат момчето да дојде, прегрнувајќи го и дозволувајќи му да има фотографија за спомен со него.

Се разбира, по ова момчето имаше солзи радосници, откако Лео Меси му го исполни детскиот сон…

Се вчитува...