Исповест на легендата на НБА: Станав алкохоличар, изгубив се, продавав дрога…!

Се сеќавате ли на Стив Френсис? Еден од најталентираните плејмејкери во НБА лигата во првите години од овој век. Руки на годината, трикратен НБА Ол-стар играч, голема ѕвезда на Хјустон рокитс и еден од набрзите плејмејкери во свое време… Денеска, далеку од кошарката може само да зборува за „демоните“кои му ја уништија кариерата.

Френсис брилијантно ја почна кариерата, имаше неколку феноменални сезони за Хјустон, а потоа во Орландо. Но заврши – катастрофално. Беше отпуштен на крајот од кариерата во Кина затоа што за 800.000 долари по сезона, имаше просек од 0,5 поени и 0,7 скока. А, инаку во НБА кариерата заработи 103,5 милиони долари.

Затоа и помалку неверојатно звучеше веста дека пред две години беше фатен и затворен поради обивање на автомобил и кражба на 7.000 долари. Уште тогаш беше јасно дека неговиот живот заминал во несакан правец. А, дури сега се отвори зборувајќи за сите негови проблеми…

„Имав тешки денови последните години, признавам. Но, исто така имаше и многу глупости пишувано за мене кои не се точни. Вистина е дека како дете продавав дрога, бев курир на уличните дилери. Да, само четири години пред да играм со Чарлс Баркли и Хакан Олајџувон, продавав дрога во кинескиот кварт и градев свое мало дилерско царство“ – вели Френсис.

Тој е сигурен дека ќе издржи и покрај сите случувања во последните години…

„Немојте погрешно да ме разберете, не го оправдувам тоа. Не е тоа нешто со кое може да се гордеете, но мора и да ме разберете од каде доаѓам. Јас растев за време на епидемијата со дрога. Но, никогаш во животот не сум пробал од истата. Тоа тврдам. А, сега сакате да знаете што последниве години се случи со Стив Френсис? Пиев многу, навистина многу. Ете тоа се случи. За само неколку години потполно се изгубив. Останав без своето кошаркарско име, без идентитет. И без очув кој се самоуби… Останав без се во животот. Но, ќе издржам“ – вели во дел од својата исповест поранешната НБА легенда.

Се вчитува...