ИСТОРИЈА: Кипчоге истрча маратон за помалку од два часа

Нова страница во светската историја на атлетиката беше испишана денеска во Виена, откако Елиуд Кипчоге го заврши маратонот во австриската престолнина за време од 1:59:40 часа. Со тоа, кенискиот атлетичар стана првиот во историјата што успеал да ги урне бариерата од два часа за една маратонска трка, во должина од 42.195 метри.

Кипчоге во изминатиот најавуваше дека е подготвен за таков рекорд што до неодамна се чинеше како недостижен, за денеска да истрча феноменално и да го урне времето што се чинеше како неверојатна бариера за сите маратонци.

Тој ги мина првите пет километри со време 14:14, по 10 километри имаше време од 28:28, на делницата од 15 километри времето на Кипчоге изнесуваше 42:34, на 20 километри – 56:47, на 25 километри 1:01:03, потоа на 30 километри 1:25:30, а кога го мина 40. километар со 1:53:35 беше јасно дека рекордот е на дофат. Кениецот продолжи во ист стил до самиот крај, завршувајќи ја трката за 20 секунди подобро време од „магичната граница“ од два часа.

Се вчитува...