ИСТОРИЈА – Роналдо ги замолкна критичарите: Првиот на планетава стрелец на шест Мундијали! (ВИДЕО)

Португалија на извонреден начин го почна натпреварот од 2. коло во групата К на Светското првенство 2026, со водство од 2-0 по само 17 минути игра на мечот против Узбекистан.

А, водството за Португалците уште во 6. минута го донесе Кристијано Роналдо кој запиша историја за светската фудбалска игра, како прв човек на планетава стрелец на шест различни светски првенства, од 2006 до 2026 година.

Роналдо го постигна деветтиот свој погодок на мундијалите, замолкнувајќи ги критичарите за претходното негово издание во првото коло на шампионатот.

А, Португалија веќе во 17. минута дојде и до водство од 2-0, со голот на Мендеш директно од слободен удар од околу 18 метри.

Се вчитува...