Историјата е испишана: Меси е најдобар стрелец во историјата на мундијалите

Великаните се толку големи поради начинот на кој реагираат откако ќе „паднат“. Го докажа тоа вечерва и Лео Меси, кој триесетина минути по промашениот пенал против Австрија успеа да се запише меѓу стрелците и да испише фудбалска историја – како најдобар стрелец во историјата на мундијалите, со 17 минувајќи го досегашниот рекордер Мирослав Клосе.

Воедно Меси ќе остане запишан во историјата и како трет играч што постигнал погодоци на шест гола во низа на еден светски шампионат.

Целото прво полувреме мина во знакот на Лео, кој по промашениот пенал имаше уште две убави шанси, но не успеваше да го најде патот до мрежата.

Тоа на крајот му успеа во 38. минута, кога натрча по едно додавање од левата страна, и во голем стил, како стотина пати претходно во кариерата, со силен удар од работ на шеснаесентикот го матираше противничкиот голман.

Меси на следниот дуел, против Јордан ќе се обиде да стигне и до седми меч во низа со гол на мундјалите, а во моментов во оваа категорија е израмнет со уште две фудбалски легенди, Французинот Жист Фонтен и Бразилецот Жаирзињо.

Голот за историја на Лео Меси можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...