Кошаркарите на Детроит пистонс продолжуваат со одличните партии на стартот на сезоната во НБА лигата.
Тие синоќа славеа против Вашингтон визардс со 137-135, а натпреварот го обележа ѕвездата на Пистонс, Кејд Канингем.
Канингем го заврши мечот со трипл-дабл учинок 46 поени, 12 скока и 11 асистенции, но со шут од игра 14 од 45.
Овој број на промашувања во еден натпревар (31) е највисок во НБА од 1967 година. Во поновата историја, Коби Брајант имаше 30 промашувања, но Кејд се потруди да го надмине тој број синоќа.
Патем, рекордот за најмногу промашувања во еден натпревар го држи Џо Фулкс, кој промаши дури 42 пати во еден натпревар во 1948 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

