Италија чекаше 16 години, па ја победи Србија за финале на ЕП против Словенија

Одбојкарите на Италија ќе играат во финалето против Словенија на Европското првенство 2021.

Италијанците сосема заслужено со 3-1 во полуфиналната пресметка славеа против Србија целосно доминирајќи на мечот од самиот почеток па, без малку, до самиот крај.

По крајно неизвесниот прв сет кој Италија го доби со 29-27, вториот беше освоен со 25-22. Во третиот сет возвратија Србите освојувајќи го со 23-25, за да четвртиот сет „аѕурите“ го освоија лесно со убедливи 25-18. Цели 16 години Италијанците чекаа триумф над Србија на европските првенства. Последен пат успеаја во 2005 година.

Во битката за третото место на шампионатот Србија ќе игра со Полска која претходно загуби со 1-3 од Словенија во првата полуфинална пресметка.

Се вчитува...