Италија е нов европски одбојкарски владетел!

Италија е нов европски одбојкарски шампион, менувајќи ја Србија на врвот на одбојката на Стариот континент! Италијанците до европскиот трофеј дојде со триумф во повеќе од драматично финале против репрезентацијата на Словенија во пет сета.

Откако Словенците го добија првиот сет со 25-22, вториот и припадна на Италија со 20-25. Потоа наизменично повторно следеше сет за Словенија од 25-20, за да четвртиот им припадна на „аѕурите“ со сосема идентични 20-25.

Одлучувачкиот петти сет Словенците го почнаа одлично со 3-0, но се потоа беше во знакот на Италија која играше извонредно во последниот сет водена и од одличните сервиси на 19-годишниот Микелето за освојување на сетот со 11-15 и конечна победа од 2-3 во сетови.

Бронзата на најдобрите на континенталниот собир ја освои Полска која во три сета ја победи Србија во битката за третото место.

Се вчитува...