Италија е новиот светски шампион во одбојка

Одбојкарите на Италија го освоија златниот медал на Светското првенство откако во финалето славеа над репрезентација на Полска со 3-1 по целосен пресврт и по 24 години повторно се качија на тронот.

Полјаците го добија првиот сет со 25-22, но продолжението од мечот беше во знакот на Италија. Италијанците славеа со 25-21 во вториот сет за изедначување, со 25-18 за пресврт, а победата и титулата шампион ја осигураа со 25-20 во четвртиот сет.

Се вчитува...