Италија се враќа, ја растури Турција во Бурса (Видео)

Селекцијата на Италија по разочарувачкиот пораз од Белгија пред три дена во Рим (0:2), вечерва ја оствари првата победа под водство на старо-новиот селектор Роберто Манчини.

Противникот беше идеален за „аѕурите“, Турција од која во досегашните 14 меѓусебни натпревари никогаш не загубила (десет победи и четири ремија) и во Бурса славеа со убедливи 4:1 и ги запишаа првите бодови.

По разочарувачкото издание на „Олимпико“ во Рим каде беа испратени со свирежи од своите навивачи, „аѕурите“ овој пат одиграа фуриозно прво полувреме во кое ги решија сите дилеми околу победникот.

 

Уште во деветтата минута Бастони го отвори резултатот откако топката во шеснаесетникот дојде до него. Голот на Бастони може да го видите ТУКА. Во 22-та минута одличната акција на Италијанците со гол ја круниса Фратези кој налета на одбиената топка по ударот на Кајоде. Голот на Фратези може да го видите на следниот ЛИНК.  Токму Кајоде во 27-та минута ја круниса одличната игра на Италија погодувајќи за 0:3.

На стартот од вториот дел, Турција постигна гол преку Јилмаз, но во 50-та минута Еспозито ги разреши сите дилеми околу победникот.

Во вториот меч од групата 1, Франција со голот на Олисе во 88-та минута славеше на гостувањето кај Белгија со 1:0.

Во дивизијата Б, БиХ со 2:4 славеше на гости против Романија, додека Шведска дојде до втората победа во вториот меч во Лигата на нации, победувајќи ја Полска со 3:1.

Северна Ирска и Унгарија одиграа без голови.

Се вчитува...