Италијанката Сара Куртис ги собра симпатиите на европското првенство во пливање што се одржува во Париз откако италијанската тинејџерка ги шокираше сите поставувајќи нов светски рекорд на 50 метри грбно.
Таа стигна до неверојатни 26,64 секунди, и тоа во синоќешното полуфинале, со што го урна рекордот на легендарната Австралијка од 26,86 поставен пред три години во Будимпешта.
„Лудо е, не знам што би кажала… Цел живот сонувам за еден ваков момент. Пред да тргнам си реков – не ме интересира ништо друго, ќе испливам најдобро што знам, па да видиме… верував дека можам да стигнам до добро време, но нов рекорд… се уште сум во шок. Секој пливач сонува за ваква трка, мене ми се оствари тој сон, но најважното допрва доаѓа, финалето и борбата за златниот медал“, изјави Куртис по неверојатната трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
