Италијанската Серија А далеку од продолжение – Четворица фудбалери на Сампдорија позитивни на Covid-19

Нови лоши вести доаѓаат од Италија околу продолжувањето на сезоната во Серија А. Откако денеска беше потврдено дека тројца фудбалери на Фиорентина се позитивни на Covid-19, вечерва пристигна информација дека од вирусот се инфицирани и четворица фудбалери на Сампдорија.

По тестирањата кои беа направени во клубот од Џенова, потврдено е дека тројца од фудбалерите се позитивни по првпат, додека еден е повторно позитивен на коронавирус. Од клубот пренесуваат дека заразените немаат симптоми, но веднаш се пренесени во карантин. Сето тоа не дава позитивни сигнали Владата на Италија да дозволи брзо враќање на фудбалските натпревари во земјата.

Се вчитува...