Италијански репрезентативец паднал од балкон на одмор, го чека операција

Италијанскиот кошаркаршки репрезентативец Алесандро Џентиле, го очекува операција на кичмата по пад од балкон во Палма де Мајорка. Џентиле е хоспитализиран поради падот кој бил висок четири метри.

КОшаркарот паднал на грб и ја повредил кичмата, па итно со хеликоптер бил пренесен во болница во Палма де Мајорка. Иако на почетокот се чинело дека е посериозно, Џентиле се огласил од болницата.

„Се враќам во Италија на лекување. Ви благодарам на сите што мислите на мене, и жал ми е што ве загрижив“, напиша Џентиле.

„Газета дело спорт“ пренесе дека кошаркарот го очекува операција на пршлените, но кариерата не му е загрозена, и ќе може да се врати на кошарката.

Џентиле има 30 години, а во кариерата настапувал за Бенетон, Олимпиа, Панатинаикос, Хапоел Ерусалим, Виртус, Естудиантес, Варезе а оваа година играше за Вриндизи. Има 81 настап за најдобрата селекција на Италија.

Се вчитува...