Лагата околу позитивниот четврти корона-тест на Пауло Дибала се уште се наоѓа во центарот на вниманието на италијанската јавност, а весникот „Кориере дело спорт“ за целата ситуација жестоко го нападна – Кристијано Роналдо. Девојката на Аргентинецот утрово ги демантираше гласините, но новинарите на „Кориере“ повикувајќи се на сопствени извори тврди дека „дошепнувањето“ до медиумите било извршено од страна на лица блиски на Роналдо.
Причината е јасна – Португалецот настојува што повеќе да го одолговлечи враќањето назад во Торино. Тој требаше да пристигне во средата, но по појавувањето на веста за Дибала реши да остане во татковината чекајќи ситуацијата да се смири.
Ракводството на Јувентус веќе има еден ваков проблем, поради одбивањето за враќање во Италија на Гонзало Игуаин. На Аргентинецот му се заканува раскин на договорот и милионска загуба, но кога е Кристијано Роналдо во прашање, јасно е зошто „црно-белите“ не сакаат да влезат во војна со својот најдобар фудбалер, особено во пресрет на преодниот рок во кој би можеле да го продадат.
Кристијано си замина од Реал Мадрид поради недоволната поддршка што ја добиваше од Флорентино Перез, а по едни вакви сериозни обвинувања на негова адреса, Португалецот лесно може да се реши на идентичен чекор и да го напушти Јувентус, доколку „црно-белите“ во најскоро време не застанат на негова страна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА