Италијанците најдоа решение како да се живее после коронавирусот (ФОТО)

Италија е земјата која даде огромен број човечки жртви во битката со коронавирусот, Апенините се уште се комплетно блокирани и во целосен карантин, но напорно работат на изнаоѓање решенија како животот да се врати во нормала. Здравствените работници секојдневно се борат да спасат човечки животи, а Италијанците смислија и како ќе продолжат дури и да одат на плажа претстојното лето, а да бидат заштитени од Covid-19.

Рестораните ќе мора да ги преградат масите со плексиглас за да има доволно социјално растојание иако седите заедно со друштвото. Слично ќе биде и на плажите. Ќе мора да бидат изработени т.н. „соби од плексиглас“ за секоја двојка која ќе сака да ужива во благодатите на морето. Засега, ставот е дека фудбалските натпревари од Серија А ќе се играат без публика, но се бара решение и за овој проблем.

Се вчитува...