Итен состанок во Барселона: Ќе преживее ли Валверде?

Ернесто Валверде се соочува со сериозна опасност да остане без работа на крајот од сезонава, откако Барселона беше елиминирана во полуфиналето од Лигата на шампионите од екипата на Ливерпул. Втора година по ред каталонскиот гигант ја завршува европската авантура и покрај победа од три гола на домашен терен, по што голем дел од јавноста вината ја посочи токму кон тренерот, кој не извлекол никаква поука од ланскиот пораз од Рома.

Управата на клубот веќе свикала итен состанок, на кој главна тема ќе биде неуспехот на „Енфилд роуд“. Валверде веќе не е толку сигурен во своето останување, откако и самиот најави дека „како тренер ќе мора да понесе одговорност за неуспехот“. Нема дилеми дека овој стратег ќе остане на чело на Барса до крајот на сезонава, но се очекува веднаш потоа да добие отказ, а во меѓувреме да бидат водени преговори со кандидатите за негов наследник.

Покрај Валверде, како главен виновник за поразот се посочува Филипе Кутињо, кој беше убедливо најслаб поединец на теренот и на двете средби со Ливерпул. Бразилецот воопшто не се снајде во Барселона и сигурно ќе биде продаден во летниот преоден рок, а најсериозни во намерата да ангажираат се Манчестер Јунајтед и ПСЖ.

Се вчитува...