Иван Ракитиќ става крај на блескавата кариера?

Натпреварот против Шибеник во последното коло од хрватскиот шампион ќе биде и последен за хрватскиот фудбалски магионичар Иван Ракитиќ, откриваат медиумите во поранешената југословенска држава.

Ракитиќ во солзи на клупата го дочека крајот на натпреварот против Ријека кој беше последен за Хајдук на популарниот „Пољуд“ во сезоната.

Ракитиќ заминува во пензија, но се очекува да остане дел од сплитскиот тим каде ќе добие функционерска улога.

Сега 37-годишникот професионалната кариера ја започна во Базел во 2004 година, а по швајцарскиот тим настапуваше и за Шалке 04, Севилја, Барселона, Ал Шабаб и од 2024 година за Хајдук Сплит.

Беше и долгогодишен член на хрватската репрезентација за која запиша 106 настапи и постигна 15 голови.

Се вчитува...