Иве Иванов е МВП на осмото коло од АБА2 лигата откако кошаркарот на МЗТ Скопје одлично се снајде на дуелот со Динамик, предводејќи го македонскиот тим до шестата победа во регионалното натпреварување.
Хрватскиот интернационалец по двонеделна пауза се врати на тимот по рехабилитацијата од повредата на скочниот зглоб и веднаш покажа колкаво е неговото значење за играта на МЗТ. Иванов мина на теренот 36 минути, период во кој реализираше 24 поени и седум скокови за вкупно 27 индексни поени.
МЗТ Скопје има и двајца од најдобрите три стрелци во осмото коло, Иванов со 24 и Бојиќ со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА